200 грама шпагети
1 главица кромид
1 морков
1-2 кришка леб
1 јајце
500 грама мелено месо
1 конзерва домати
1 мала чаша млеко
2 чешниња лук
рузмарин, магдонос и босилок
Ставете го месото во поголем сад, ставете две лажички дижон сенф, сол и бибер, магдонос, рузмарин и јајце. Од лебот отстранете ги корките и додадете го на месото. Додадете го и млекото, замешајте смеса за ќофтиња и од смесата стркалајте топчиња со рака.
На маслинов зејтин запржете ги ќофтињата по малце колку да се обојат однавор но не ги препржувајте. Тргнете ги ќофтињата од тавчето и додадете го кромидот, лукот и морковот да се запржат на среден оган. Кога кромидот ќе стане стаклест додадете ја конзервата со домати и раздробете ги доматите. Оставете ги 5–6 минути доматите да крчкаат а потоа додадете ги ќофтињата и поклопете го тавчето.
Додека сосот се ќофтињата си крчаат имате доволно време да ги сварите шпагетите. Ставете вода во еден голем лонец и една шака сол. Кога водата ќе зоврие ставете ги шпагетите. Еден трик што научив од по ресторани е дека кога се варат шпагети не ги оставаме сами да омекнат и да паднат во тенџерето туку во истиот момент кога ке ги ставиме со вилушка малце ги подвиткуваме за можат целосно да влезат во водата. Така шпагетите ќе се сварат рамномерно.
При крајот кога сосот ќе згусне искинете на сите парчиња една шака босилок и промешајте. Кога шпагетите ке бидат готови, направете мали гнезда од шпагети во средината ставете малку од сосот а одозгора едно ќофте и ливче босилок за декорација.
Доколку нели сакате да останете на идејата да направите пире потребно ќе ви бидат:
3-4 компири
1 лажица путер
1 мала чаша млеко
Излупете ги компирите и ставете ги во вода да се варат. За да проверете кога се готови земете една чечкалица или вилушка и боцнете ги доколку се меки во средината компирот е готов. Извадете ги компирите од водата, процедете ги а потоа со преса за пире или со вилушка почнете да ги толчите се додека не добиете смеса како пире. Во смесата вратете ја во тенџере и на многу тивок оган додадете млеко и путер и мешајте додека путерот не се стопи и смесата соедини.