Лахмаџун на дада

Sunday, June 30, 2013
0 КОМЕНТАРИ

Сестрами реши да ме покани на роденденска прослава и воедно да гледам како спрема еден од нејзините омилени рецепти. Иако во голем дел имаме големо несогласување околу начинот на готвење и припремата од типот на тоа дека готви со забарски ракавици, прекумерно користи сончогледов зејтин дури и кај што не треба, секогаш готви со точно определени мерки и слично наместо да ужива и да се забавува, морам да признаам дека ова е еден од ретките нејзини рецепти  што стварно вреди да се проба. Посебно затоа што е пикантно лут и еден од ретките моменти кога можам да јадам луто зошто скоро никој за кој готвам не јаде луто. 


500 грама мелено месо
2 зелени и 2 црвени благи пиперки (вкупно 4 бојте се мешаат за поубав изглед)
2 лути пиперки
2 големи домати
2 главички кромид средна големина 
2 големи лажици доматно пире
1 китка магдонос
6 замрзнати теста за пица
3 лажички куркума
маргарин за премачување на тестото
лук во прав
сушено чили
оригано


Месото се пропржува во тавче на малку зејтин околу 5 минути притоа го промешуваме и гмечиме со вилушка да се направат како мали зрнца. Доматот, пиперките и кромидот исецкајте ги на ситни коцки а магдоносот издробете го ситно. Во еден поголем сад измешајте го меленото месо, доматите, пиперките, кромидот, доматното пире, додадете го магдоносот и промешајте. Кога ке промешате зачинете ја смесата со сол, бибер, вегета, куркума, сушен лук, чили во прав, оригано и замесете повторно да добиете како смеса за ќофтиња. На крај додадете малку зејтин. 


Во едно гезве на тивок оган ставете го  маргаринот да се стопи. На тава ставете хартија за печење и ставете ги тестата, а потоа премачајкте ги со стопениот маргарин. 


Од замесената смеса за лахмаџун нанесете многу тенок слој од горната страна на тестото и ставете го во загреана фурна на 220 степени целзиусови 15 минути на горната решетка од фурната. Доколку сакате помеко тесто после печењето замотајте го лахмаџунот во пластична кесе 5 до 10 минути каде ке се смекне убаво.

Размислував дали да го пренесам рецептот во нејината изворна форма или да го преработам малце во мој стил. Сепак моето мислење е дека секоја печена храна заслужува нешто што ќе ве освежи кога ке пробате така да мојот избор би бил да додадете екстра ситно исецкан магдонос после печењето и можеби неколку капки лимонов сок. Секако и малку табаско во месото ке направат уште подобра работа. 

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства