Кускус на Брзина

Monday, March 18, 2013
4 КОМЕНТАРИ
Ова е еден од моите омилени рецепти, се прави многу брзо а е доста добар, како за после работа е топ мада неколку пати го имам послужено и како додаток или предјадење.
  • 100 гр - Кус кус 
  • 140 гр - Грашок од конзерва 
  • 140 гр - Пченка од конзерва 
  • 4-5 - Шери домати 
  • 300 гр - Брокула
  • 1 лажичка - Чадена црвена пиперка (вегета пикант е доста добра замена)
Во подлабоко тавче се става 200мл вода, 2 супени лажици маслинов зејтин и  прстофат сол и се става на оган да зоврие. Грашокот и пченката ги ставаме во тавче на среден оган со малце зејтин да се пропржат и се зачинуваат со сол. После 5-6 минути додаваме 1 лажичка чадена црвена паприка, замешуваме и ги тргаме од оган. Кога водата ќе зоврие го тргаме тавчето од оган, го додаваме кускусот го распространуваме низ тавчето и оставаме кускусот да ја упие водата. Ако е многу сув може да додадете малце врела вода. Кускусот треба да одстои 2-3 минути додека не ја упие водата. После го враќаме на оган да се пропржи уште 3-4 минути. Брокулите ги ставаме да се проварат 2-3 минути потоа се шокираат со ладна вода и се сецкаат на поситни парчиња. Соединуваме се заедно грашокот и пченката, кускусот, брокулата и промешуваме. Шери доматите ги сечкаме на четвртини и ги додаваме после 2-3 минути малце да подолади кускусот за да не се спарат. Се меша све фино лепо и се сервира и за љубителите на луто може малце сецкано чили одозгора.

4 КОМЕНТАРИ

А каде може да се купи Кус кус?
http://en.pastazara.com/pasta-en/cous-cous-en еве овој го има и во Веро и во СП и во Рамстор

Моите рецепти и искуства