Равиоли со Песто

Thursday, March 21, 2013
1 КОМЕНТАРИ

3 супени лажици - Песто Џеновезе сос (по можност домашен зошто нема ни споредба во вкус со купечки)
1 супена лажица - Путер
2-3 ливчиња - Босилок за деокрација
6 парчиња - Домашни равиоли

Ставете вода да зоврие во широко и високо тенџере, кога ќе зоврие додадете една шака сол. Ставете ги равиолите една по една и не го преполнувајте тенџерето, не повеќе од 4 наеднаш. Кога ќе ги ставите во вода тие ќе потонат, по 1 до 2 минути ке се качат на површина и тоа ќе значи дека се готови и може да ги извадите.

Зачувајте во една чаша за кафе од водата во која се варат равиолите. Во загреано тавче ставете половина од водата, додадете една супена лажица песто и размешајте ја во водата да се соедини со пестото. Додадете три равиоли и попрскувајте ги со мешавината од вода и песто одозгора. Кога половина од водата ќе испари додадете уште пола лажица песто и една мала лажичка путер. Почекајте путерот да се стопи, размешајте убаво и со пестото ќе формираат многу убав сос. Сервирајте ги равиолите и попрскајте ги одозгора со сосот од тавчето. Повторете го ова двапати за останатите равиоли. 

1 КОМЕНТАРИ

Многу добро!!! ОДЛИЧНО!!! И не мислам само на овој рецепт, туку на целосната замисла за блогот. Има здив на префинетост, елегантност, прекрасни фотки! Сигурно често ќе зиркам што има ново! :-)

Моите рецепти и искуства