Потрага по вкусот

Saturday, March 23, 2013
4 КОМЕНТАРИ

Просветлување:

Јас сум дете шо  не јаде смоква, не јаде диња, не јаде модар патлиџан, ни боранија, ни леќа, сланина, манџа, чорба и све она останато што нашите родители не тераат или терале да јадеме. Врв на моето кулинарство беше лепче намачкано со маргарин и посолено со вегета. Некаде 2008 година мојот кум реши да ме однесе во еден скопски ресторан Тоскана. Ми даде малце "heads-up" кога влеговме и ми рече овде не се нарачува ништо, ти носат custom јадење што самиот шеф сака да ти го зготви, и ако случајно ти понуди живо месо замоли го да го замени бидејки имаш проблеми со варење на живо месо. И нема ни потреба да кажам што ми се падна во првиот корс: смоква замотана во сланина испечена на скара, диња замотана во пршута, блага бисквита со моцарела и солен домат, и модар патлиџан со балзамиран оцет и лук. Вториот корс се состоеше од тестенини на 3 начини, едниот со жалфија (фиу жалфија), другиот со семе од синап а третиот искрено не ни памтам од што беше забеган. Третиот корс беше живо маринирано тенко сечено телешко месо со толку рузмарин на него што цел ресторан замириса на рузмарин. Кога го замолив шефот и сопственик Влатко Огненовски да го замени бидејки не јадам живо месо донесе едно тенџере со зејтин што врие го попари месото пред мене и ми рече: "Ете повеќе не е живо!!!". Кхм кхм кхм значи месото е живо ама ај нема врска. Целото мое присуство во ресторанот беше проследено со мљацкање, скришно подлизнување да го излижам и тоа малце вкус што ми останало на усните од кој што ден денеска лачам лиги кога ке помислам на нив. Мислам дека се осеќав ко тинејџерка во прва љубов кога не си го мие образот зошо ја бацил дечкото, па и ја не си ги миев рацете за да го задржам мирисот на храната. Тогаш си реков: ако вечерва изедов се што ми е одвратно да јадам во животот, тогаш можеби работата не е до мене ниту до "се". Си реков ако Влатко може вака да готви зашто да неможам јас?

мојот прв обид да станам шеф


И нормално почнав да киснам во ресторанот секој ден, почнав да јадам нешто како "чадена рикота", "домати сушени на сонце", "цезар салата со дресинг од инчуни", "песто", "кус кус" њтф??? Влатко ми стана многу добар пријател, одвреме навреме се прикрадував во кујната каде готвеше, а по некогаш го замолував и да ме подучува така што ке работам за него бесплатно.

таљатели во песто сос со свеж шери домат
- јас и кумот некаде 2009-та

За Македонската кујна:

Решив да изигравам јас Карапанџа по дома и идам у двор да си скинам Босилок и фрла бабами со влечки по мене: Остај босилокот! За на гробишта е тој!!! Идам после една недела да си зеам рузмарин од двор и таткоми ме гледа и ми вика: Шо ќе прајш со тоа синко? -Па за у јадење ми е! -Абе сине тоа е жива ограда, не е за јадење! Да не зборам колку на сите им сметаше мирисот на маслинов зејтин во салата, идејата дека на домат можеш да му стајш оцет. Или идејата дека можеш да користиш свеж зеленчук наместо канцерогени вегети. Рукола место марула? But why, синко киселец (рукола) е коров тоа не се јаде? Абе мамо месово некако како препржено да ми ти е, а ова тестениниве од шо се преварени ко сутлиаш ми изгледаат. Да да да… тешки времиња… треба да се пронајдеш себе кога сите се против тебе

вака некако изгледа Македонската кулинарска сцена,
за жал со мали исклучоци ништо не е сменето сеуште


Сорбе за освестување:  

Италија. Решив да ја прошетам цела да видам се и да напраам се. Oд Бари до Наполи, од Наполи до Рим, Сан Џимињано, Сиена, Монтепулчиано, Монталчино, Фиренца па се на север до Швајцарија. Преку Швајцарија до Франција. И се разочарав, се разочарав, тоа што за мене во Скопје беше софистицирана кујна во Италија е само нормална храна, храна на сиромашните. Па брускети не се специјалитет тоа е само инвентивен начин да го искористиш стариот леб кој нејќеле да го фрлаат. Во италија можеш да научиш многу на пример: што е аспарагус, артичоки, рижото со злато, да вистинско злато, потоа вргањ, капари, сорбе и што ли уште не. Потрагата не престана тука од Франција продолжив за Албанија и обалата на Хрватска каде што ја открив морската храна па се до Барселона каде ја открив магијата на паељите и пата негра

паеља во Барселона


И сега?

Велат луѓето јадат со очите. Затоа живееме со предрасуди и затоа сме отпорни на нови вкусови. После мојата прва кулинарска прошетка кај Владо решив дека никогаш повеќе нема да имам предрасуди кон храна. На пример не јадам ѓумбир, ама јадам кинеска храна, иако ѓумбирот е често употребувана состојка на кинеската храна. Или ако ми е одвратен чајот од жалфија, равиолите во сос од путер и жалфија се можеби едно од најуавите јадења на светот. Вкусот е жив, жива материја, нешто што еволуира кај секој од нас и го развиваме како и се останато. За добра храна не треба само добар шеф. Треба слободен и авантуристички дух нешто што ќе ве поведе кон незаборавно патување по непознатото.

За мене: 

Иако најголемо влијание врз мене остави Италијанската храна сепак се декларирам како човек што готви медитеранска кујна. Некој од ликовите што ми го сменија поимот за тоа што е храна се Gualtiero Marchesi, Ferran Adria, Leonardo Curti, Mario Batali и Nancy SilvertonНикогаш не готвам фиксно по бројки туку секогаш импровизирам и се трудам да внесам душа во секое јадење, баш затоа и многу од мојте рецепти не се автентични туку направени со тоа што ми се нашло на располагање во моментот. Во последно време се трудам да направам фузија на традиционалната Македонска кујна со примеси на Италијанска, Мексиканска и Француска кујна. Претерано користам лимон, Мелиса ми е хит у последно време. Ако сакаш да се возиш со мене, повели!



со луѓето што ме научија да уживам во храна


4 КОМЕНТАРИ

...Браво момче, само напред и ти посакувам набрзо да го посетиш и далечниот исток, сигурно ќе има големо влијание на тебе и три пати поголеми порти ќе ти отвори, него медитеранот, кога ќе се вратиш ќе плачеш по тие состојки, зошто нема да можеш да ги најдеш =)
П.С Прашај го некогаш Влатче за ликов http://www.facebook.com/duccio.lorenzini?ref=ts&fref=ts беше во ск и готвеше во Тоскана, на негова покана, пред неполни 2 години, ако добро се сеќавам, се осеќав како да го гледам Моцарт у кујна, виртуоз, уметник...
Еј го знам Дучо он му бил даскал на Влатко у студентски денови :)
Иначе за источнава се надевам ќе биде догодина оваа година планирав источна европа да идам...
Убедливо најбољи македонски блог за храна, башка што во голема мера ја отсликува и мојата еволуција у поглед на јадењето и готвењето.

Единствено можам да ти побарам повеќе постирања :) и по-твои рецепти, не такви шо ги има често на нет. Али, стварно, супер... Браос!

Моите рецепти и искуства