Паеља со Ракчиња [UPDATED]

Sunday, May 26, 2013
1 КОМЕНТАРИ


По желба на @darjanr за тие што постат. Не сум сигурен колку супата од кокошка е посна па може да се замени со бујон од риба или па најобична супа од зеленчук. Овој рецепт ми остави многу добар впечаток кога бев во Барселона зошто беше поразлично од се што имав јадено со ориз, па дури и италијанските рижота со ракчиња. Колку што правев муабет со мајка ми и неколку пријатели, на истиот начин се спрема и кај нас оризот со пилешко, нормално без лимон. Во Шпанија покрај ракчињата ставаа лигњи и школки, меѓутоа кај нас нема школки а лигњите што се носат не се на некое "WOW" ниво...



2 чаши (за кафе) ориз
100 грама мали чистени ракчиња
1 црвена пиперка
200 грама домати од конзерва (пола од малите конзерви 400грама нето)
1 коцка кокошја супа
2 лимони
1 главичка кромид
1 морков
2 чешниња лук
1 грст магдонос
10тина нишки шафран
1 компир

Во мало тенџере ставете 1 литар вода да зоврие. Додадете кокошја супа промешајте ја и оставете да се провари уште 5 минути. Доколку имате шафран ставете. И покрај тоа ќе користиме домати, така да оризот и без шафранот ке добие убава боја.  Како што кажав погоре може да користите бујон од риба или супа домашна од зеленчук доколку не сакате кокошја.

Ставете ги ракчињата да се маринираат во маслинов зејтин, сок од лимон и малце сол.



Исечкајте го кромидот, морковот и компирот на ситни коцкички. А лукот исецкајте го ситно.



Кромидот и морковот ставете ги во тавче да се пропржат додека кромидот не почне да смекнува. Додадете ги двете чешниња лук ситно исецкани. Додајте го оризот и оставете го да се пропржи една минута. Доматите испасирајте ги во блендер или раздробете ги убаво со лажица и додајте ги на оризот заедно со компирот исецкан на ситни коцкички. Се тоа убаво промешајте го и додадете една до две кутлачи од супата. Намалете го огнот на половина и оставете да кркори тивко. Кога водата ќе подиспари додадете уште една до две кутлачи супа, промешајте и оставете го повторно, и се така повторувајте едно 10 до 15 минути. 

Промешајте го убаво оризот, наредете ги ракчињата одозгороа, ставете 3/4 месечинки лимон околу нив и ленти од црвената пиперка. Би требало да ви остане една до две кутлачи од супата, додадете ја и неа и поклопете го тавчето уште 7-8 минути да се сварат ракчињата. Наместо да го поклопувате тавчето подобро е целото тавче да го ставите во загреана фурна на 200 целзиусови степени и да се пече 10тина минути така оризот порамномерно ке дехидрира и ке се испече. Методот на шпорет е добар но може да се случи оризот во долниот дел да биде препржен а горниот дел уште влажен.

Тргнете го тавчето од оган, исцедете еден лимон одозгора, оставете го да подолади неколку минути и да се згусне течноста на површина и поросете свеж магдонос.  


На овој рецепт може да додадете било какви филети од риба, а доколку не јадете риба може да го направите со пилешко или било кој друг вид на месо што брзо се вари. 




1 КОМЕНТАРИ

presrekna sum sto go otkriv ovoj blog :)

Моите рецепти и искуства