Тирамису

Sunday, February 22, 2015
2 КОМЕНТАРИ
Фотографија: Ани и Дими
Пред од прилика две години, жената на мојот пријател Марјан ме замоли да и направам Тирамису додека беше осми месец бремена. Почнав да гуглам и најдов неколку рецепти меѓу кои и рецепт од блогот Ситно Сецкано (кои многи ги почитувам). Се зачитав така и радосен дека ќе правам Тирамису наидов на забелешка дека овој рецепт не се препорачува за трудници бидејки содржи живи јајца кои можат да бидат носители на салмонела. И покрај препораките трудницата беше упорна да ризикува, го направивме, го изедовме, излезе супер, и бебето исто така живо и здраво, тирамисуто го направивме уште неколку пати и да не речам малце го прејадовме. 
Една работа што ми сметаше во рецептот беше тоа што кога ке се извадеше од фрижидер, пресеченото парче смлитавуваше и се растопуваше на чинија. Од искуство и од тоа што го имав пробано до тогаш тирамисуто треба цврсто да се држи на лажицата, а сепак да биде многу лесно сечливо само со лажиче. Решив да се посветам малце на него и да научам нешто повеќе но некако се немав време и така после неколку години кога @ElenaTrimceska беше осми месец бремена решив пак да направам Тирамису. Разгледав многу рецепти меѓу кој рецептите на Марио Батали и Бади Валастро а.к.а Cake Boss. И решив да направам ново Тирамису кое за чудо искочи баш како што очекував, цврсто, воздушно, лесно и прекрасно за јадење.  
Напомена: Сликата не изгледа баш така како што го опишав тирамисуто (цврсто) бидејки не му дадовме доволно време да се стегне пред да го сечеме за сликање. Направив тест на парче одстојано и стегнато во ладилник преку ноќ кое седеше околу 48 часа без да почне да се распаѓа на дневна температура од 22 степени. Тоа значи дека евентуално ќе седи стегнато бесконечно. 
  • 500 гр. маскарпоне
  • 6 жолчки од јајца
  • 2 чаши јако кафе (еспресо, нескафе, јакобс)
  • 2 пакувања пишкоти
  • 400 мл. слатка павлака (хопла)  
  • ликер по избор
  • какао во прав
  • шеќер
Прво да кажам некој збор за состојките. Маскарпоне е слатко кремаво сирење што во Скопје може да се набави во сите поголеми маркети, моментално мислам дека го има од два бренда. Едното е на Zbregov а другото на Galbani. Пишкоти се мали бисквити налик на Плазма кекс само многу полесни. Нив моментално исто така мислам дека ги има од два бренда од кои еднитe sе на Stark (во секој маркет) а другите на Forno d'Angelo (само во Веро).  Што се однесува до ликерот може да го искористите вашиот омилен или било кој што ќе ви се најде при рака. Бидејки останатите состојки имаат прилично неутрален вкус најголемиот вкус тирамисуто го добива од кафето и ликерот.
Пред да почнете со другите работи, направете го кафето за да има време да се олади. Колку кафето е потопло толку побрзо ке ги стопува бишкотите и ќе се раскашавуваат побрзо. За таа цел направете две чаши (поголеми како за чај) кафе и на кафето додадете 1 до 2 мали чаши (за ракија) од ликерот по избор и оставете го да се олади. 
Во едно помало тенџерче ставете вода и ставете го тенџерето на рингла да почне да проврива водата. Ставете ги жолчките во еден стаклен сад како за салата (поголем од тенџерчето) и додадете две супени лажици шекер. Разматете ги жолчките со шекерот и стаклениот сад ставете го врз тенџерчето. Ова на англиски се вика "Double Boiler" или "Bain-marie" односно направа за готвење со помош на пареа. Мешајте ги жолчките непрекинато 4-5 минути односно додека не видите дека почнуваат малце да згуснуваат. Тргнете го стаклениот сад на страна и продолжете да мешате се додека не се излади садот. Доколку не мешате доволно или не мешате додека се лади садот може од јајцата да направите кајгана. Тоа што треба да се добие е полу згусната жолчка но сепак во по-течна состојба. Доколку сакате може да користите и рачен миксер за мешање. Иако оригиналниот рецепт бара да се мешаат жолчките на ладно. Наидов на еден рецепт каде што жолчките ги приготвуваат на овој начин чисто да има некаква термичка обработка за да се намали ризикот од Салмонела. 
Земете го маскарпонете и проматете го малце со лажица во еден сад за да се отпушти и да може полесно да се меша и додадете го во ладните жолчки. Со една шпатула или со миксер промешајте го маскарпонето убаво со жолчките. 
Слатката павлака ставете ја во друг стаклен сад и разматете ја со миксер се додека не се направи шлаг. Ставете половина од смесата со жолчки и маскарпоне во шлагот и пробајте со што помалку промешувања со шпатула (никако со миксер) да ги соедините а потоа додадете ја останатата половина и повторно пробајте да ги соедините со најмалку можно мешање за да не се истисне воздухот.   
Во оваа фаза сите состојки за тирамисуто се подготвени и останува само да го "склопите". За склопување ке ви биде потребно шпатула или некој друг кујнски прибор за размачкување на шлаг или доколку немате ништо пробајте со задниот дел од голема лажица. Земете едно тавче средна големина. На тавчето ставете една третина од филот со жолчки, маскарпоне и шлаг и распределете го рамномерно. Земете ги бишкотите. Една по една натопете ги во кафе не повеќе од три секунди и редете ги густо на филот една до друга. Потоа додадете уште една третина од филот распространете ја рамномерно да се покријат пишкотите од претходниот слој и наредете уште еден слој пишкоти натопени во кафе. Ставете ја и последната третина фил во тавчето и распространете ја убаво да се покрие и вториот слој пишкоти. Во една цедалка ставете малце какао и потоа наросете го горниот дел од тирамисуто и изрендајте крупни листови темна чоколада од горната страна. Доколку користите пошироко тавче може да  направите само еден слој или дупла доза.
A photo posted by @sokarovski on

Ставете го тирамисуто во фрижедер најмалку 3 часа или преку ноќ уште поубаво. Иако прво мислев дека нема никаква потреба да се чека толку сепак чекањето се исплати заради 2 работи. Прво структурно се стегнува и станува поцврсто а исто така и помага вкусовите да се измешаат. Бишкотите пуштаат по малку од вкусто на кафето во филот што го прави тирамисуто уште повкусно а и маскарпонете некако добива поизразен вкус.     

2 КОМЕНТАРИ

Фала Шокре! Ако е успешно носам цело тавче. И гајба пиво по избор.
Тражите пословног кредита, лични зајам, хоме кредита, ауто
кредит, студентски кредит, консолидација дуг кредит, унсецуред лоанс, подухват
капитал, итд .. Или сте били одбио кредит од банке или финансијске
установа за један или више разлога. Ви на правом месту за
зајма решења! Ја сам приватни зајмодавац, дајем кредите
компаније и појединци на ниском и приступачним каматном стопом од
2%. Камата. Молимо контактирајте нас путем е-маила
мрсмоница060@гмаил.цом

Дужника ПОДАЦИ С

1) Име и презиме: .......................................................
2) Страна: ......................................................... ..
3) Адреса: ..........................................................
4) Држава: ............................................................ ..
5) Пол: ................................................................
6) Брачни статус: .................................................
7) Занимање: ................................................... ..
8) Број телефона: ................................................
9) Тренутно положај у радном месту: .....................
10) Месечни приход: .............................................
11) Износ кредита Потребно: .....................................
12) Зајам Трајање: ................................................
13) Сврха кредита: .......................................... ..
14) Религија: ...................................................... ..
15) Да ли сте пре применити ....................
фли Емирате лоанцомпани.цом
хвала,
Г-ђа Моница

Моите рецепти и искуства