Домашни Њоки со Путер и Жалфија

Sunday, January 26, 2014
1 КОМЕНТАРИ

Здраво на сите, долго време не сум напишал рецепт некој нов ама знаете како е празници, занимации, пијанства и па на мојот драг пријател @macuki_ жената се породи па му го позајмив апаратот да си го слика бебето, @mufix од кога го заврши 365-ката се сокри од светот да се одмори, @fidanska замина в Битола на роденден кај @iPukich и така немав како да сликам за новите рецепти. Меѓутоа бев во Истанбул не ја видов Фатмаѓул :( али затоа си пројдов кул открив многу нови зачини, рецепти, пријателства и искуства од кои ке го издвојам Сулејман кој го запознав преку @JBurgundi и неговиот ресторан Antiochia Concept повеќе за него во наредните блог постови кој што ќе бидат наменети повеќе на Турција.

Да се навратиме на њоките сеа. Секогаш кога ке сакам да направам нешто домашно сите ме прашуваат зошо се мачиш купи си њоки у продавница ама нема поубаво чувство од тоа сам ко ке си напрајш нешто. И на идење накај дома пред некој ден во зебра начекав жалфија и ми текна одма за новиот рецепт што ке го постирам. Иако овој рецепт со путер и жалфија најчесто се прави со равиоли од спањак често може да го најдете и со њоки. Но тоа не значи дека истите њоки немоежете да ги подготвите ала Помодоро Базилико или со некој друг сос.

За њоките:
- 4 средни компири (околу 1 кило)
- 1 јајце
- 1 жолчка од јајце
- 350 грама  брашно

За сосот:
- 10-тина листови жалфија
- 3-4 големи лажици путер
- 40 грама пaрмезан (parmigiano reggiano или grana padano немојте ве молам од оној ренданиот)


Иако традиционалните рецепти ги варат компирите со лушпата ја не препорачувам  компирите да се варат со лушпата бидејки најчесто кај нас се попрскани со отрови за долготрајност. Така да излупете ги компирите стај те ги во многу солена вода да се варат и варете ги многу тивко околу 40 минути. За да проверите дали компирите се готови земете еден нож и боцнете ако ножот лесно продира до средината на компирот значи дека се готови.

Кога компирот ќе се свари извадете исцедете го и полијте го со ладна вода за да престане да се вари од сопствената топлина. Истурете ја и ладната вода, ставете го компирот на работна површина и почнете да го гмечите со вилушка да направите пире доколку немате направа за мелење компири.


Раширете го пирето низ масата и оставете го да се олади. Ставете врз пирето една жолчка и едно јајце и потурете половина од брашното. Доколку компирот не е оладен доволно можно е да ви ги спржи јајцата така да внимавајте да се олади доволно да може да го допрете со рака.

Почнете да ги месите њоките но не класично со раце туку со вилушката отсекувајте по мали делови од компирот туркајки го брашното и јајцата во компирот. А потоа преклопете од исечените делови и сечете повторно додадете уште брашно додека мислите дека компирот може да прими но пазете да не направите премногу суво тесто, тестото треба да биде малце лепливо. Повторувајте ја процедурата со сечење и преклопување се додека смесата не се соедини целосно.

Исечете го тестото на четри дела и од него замесете 4 долги да не речам црева или цилиндри или како и да ви одговара од прилика околу 1 сантим дебели а потоа со нож засечете ги за да ги формирате њоките како на сликата подоле. Њоките поросете ги со малку брашно за да не се лепат една со друга.


Њоките ми се свиѓаат затоа што за разлика од други тестенини се варат премногу кратно околу 2 минути. Ставете во еден голем лонец вода, посолете убаво и кога силно ке врие водата ставете ги њоките. Њоките ке паднат на доното на тенџерето за 1 до 2 минути тие ке се качат на површина тоа значи дека се готови и може да ги извадите. 

За да го направите сосот во едно тавче ставете половина од путерот на среден оган да се стопи и кога ќе се стопи ставете ги половина од листовите жалфија да кркорат. Кога листовите жалфија ке станат крцкави а путерот малце заруменет ставете половина од њоките во путерот и една две лажички од водата во која се вареле њоките за да формира сос заедно со путерот. Сервирајте ги њоките и поросете со малку пермезан. Бидејки од сите состојки ставивме по половина бидејки не ги собира целосно во тавчето, повторете ја процедурата повторно. 

1 КОМЕНТАРИ

Како втора мајка ми си. Освен на мајка ми рецептите ништо во животот не се осмелував да пробам.
И не згрешив.
Ете на пример жалфија јадев и баш таа и му го даде вкусот на њоките.
Мислам дека зборот Њоки е од звуците шо се вадат додека ги јадеш :)

Моите рецепти и искуства