Канелони за Јане

Sunday, October 13, 2013
2 КОМЕНТАРИ
Фотографија: Yane Naumovski
Со @mufix се шетавме низ керфур да најдеме нешо интересно за готвење и дојдовме до идеа секој да избере рандом состојки и на крај да импровизираме нешто. А @mufix како љубител на болоњезе нешто ми велеше дека ке избере мелено месо. И така дојдовме до идеа да ги направиме првите исправени канелони на светот. Добро можеби не првите...
  • 1 голем кромид
  • 2 моркови
  • 4 чешниња лук
  • 500 грама мелено месо
  • 2 конзерви (800 грама) доматно пире
  • 1 пакетче канелони
  • 100 грама пармезан
  • 3-4 лажици урда
Насецкајте го кромидот, морковот и лукот ситно и пропржети ги на малце масло. Додадете го месото и мешајте се додека не се пропржи убаво. Кога месото ќе се пропржи додадете една чаша бело вино и домати и оставете го да си крчка 30тина минути.
На страна во еден лонец ставете ги канелоните во млака вода за делумно да омекнат. Внимавајте на нив не ги оставајте предолго за да не омекнат премногу и не ставајте премногу наеднаш за да не се залепат една со друга. Кога ке омекнат делумно извадете ги и нежно пресечете ги на половина.
Во месото додадете ја урдата и промешајте убаво. Канелоните наредете ги на плех за печење исправени и наполнете ги со месото одозгора наросете пармезан  (доколку имате моцарела би било уште подобро) и ставете ги во фурна на 220 степени целзиусови да се печат една 20тина минути...  При послужување поросете пармезан повторно одозгора...

2 КОМЕНТАРИ

не знам за канелоните, ама видеово одлично, ме бендиса.
Супер изгледа, само ме интересира нешо сол, бибер...?

Моите рецепти и искуства