Блокхаус Салата

Friday, September 20, 2013
0 КОМЕНТАРИ
Неодамна додека патував низ Берлин се случи да заврне и некако завршивме во еден ресторан наречен Block House. Тоа што прво ми го привлече вниманието беше што целата (или скоро целата) храна што се подготвува во овој ресторан е органска и ја произведуваат на сопствени фарми. Значи месо, млечни производи, зеленчук, речиси се што употребуваат. Чисто онака колку да не седиме со празни раце нарачавме од салатата на куќата или Block House Salad без никакви очекувања. Морам да кажам дека бев многу пријатно изненаден. Беше нешто на што сум навикнат како салата со некој мали финеси и промени. Нешто како на пример да ве тргне од секојдневната Македонска салата. Па еве како се приготвува.

Кога се однесува за состојките секогаш сум против користење на ајзберг салата или обични марули. Кога би бирал зелена салата секогаш би одбрал рукола, поточарка валеријана па дури и спанаќ пред зелените салати но како што кажав сакав рецептот да го пренесам како мал твист на една класична Македонска салата повеќе одколку како модерна верзија на истата. Сепак дури и кога користам обични марули повеќе ги користам тврдите и крцкави делови одколку зелени меки краеви. Што се однесува до печурките се надевам дека нема потреба да нагласам дека мора да се свежи и никако од тегла.
Исечете ги печурките и пиперките на напречни листови околу 3-4 милиметри, половината кромид засечете го на многу тенки кругови и раздвојте ги. Доматот најчесто го сечам на тркалца чисто зошто изгледа по фенси меѓутоа е голем и не секогаш може да се прегризе цело тркалце затоа препочаувам тука да го пресечете на рандом убави форми и секако марулата да ја прекршите на не многу ситни но не ни многу крупни парчиња. Доколку сакате луто земете едно чили пиперче пресечете го надолжно, одстранете ги семките и жилите за да ја намалите лутината а потоа пресечете го на мнгоу ситни коцкички.
Сите овие состојки ставете ги во еден сад истурете ор преливот по желба и промешајте. И пак ке спомнам одлична салата за да промените барем и да не јадеме нели секој ден исти салати.

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства