Италијански прелив за салата

Friday, September 20, 2013
0 КОМЕНТАРИ
Наместо да купувате секакви преливи за салати како што ги има по маркетите може да си направите ваш кој ке биде исто толку вкусен колку и купечкиот а сигурно нема да содржи желатини, адитиви, конзерванси и слични тие несакани хемии што ги ставаат нели за одржување. Овој рецепт ме инспирира од една салата што ја јадев скоро па решив да напишам едноставен пост како да го спремите од најобичните зачини што сигурно ги имате дома или па се доста пристапни во нашите маркети.
  • 250 мл ладно цедено маслиново масло (доколку сакате може пола маслиново пола сончогледово за да го ублажите мирисот на маслиновото)
  • 80 мл сок од лимон
  • една рамна лажичка сол
  • пола лажичка мелен бибер
  • пола лажичка лук во прав
  • една рамна лажичка оригано
  • една рамна лажичка сув босилок
  • една супена лажица свежо сецкан магдонос

Рецептот е нели многу лесен ставете ги сите состојки во тегла или шејкер за коктели и протресете убаво. Може да го го чувате во фрижидер околу еден месец но секако протресете го повторно пред секоја употреба. Наздравје салатирање. 


0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства