Француска Пастрмка

Saturday, June 29, 2013
0 КОМЕНТАРИ

Некако ми стана обичај за викенд да јадам риба, незнам зашто ама некако се научив да правам многу добра риба во фурна и не сакав да го сменам рецептот. Денеска ми се најдоа две големи парчиња пастрмка и решив да изгуглам неколку рецепти и да пробам нешто друго за промена. Најдов еден доста интересен рецепт што ме потсети како французите спремаат лист па решив да го пробам со мали измени.

2 парчиња пастрмка (отприлика околу 400-500 грама парче)
2 лимони
1 лажица супена сецкан магдонос
2 лажички сенф дижон
1 чаша лебни трошки
1 чешне лук
2 супени лажици путер
10 мали компири за прилог

Компирите излупете ги и ставете ги во тавче полијте ги со маслинов зејтин, сол, бибер и сок од половина лимон. Измешајте ги убава да се измеша се и ставете го во фурна на 220 степени целзиусови. Печете ги се додека не заруменат.

Додека компирите се печат ке ја припремиме пастрмката. Прво нешто што треба да се направи е да се отстранат коските. За да не ви досаѓам како да го направите тоа најубаво да видите на видеото подоле.

Измијте ги убаво парчињата пастрмка и ставете ги на една крпа и поклопете ги со друга за да се исцедат од водата. Во еден сад или чаша измешајте 2 лажици сенф и сок од еден лимон и во една голема чинија истурете ги лебните трошки, исецкајте го многу ситно чешнето лук и магдоносот и додадете ги на лебните трошки и промешајте ја смесата убаво и распоредете ја низ чинијата.


Земете ја рибата и намачајкте је убаво со раце со мешавината од лимон и сенф од двете страни за да може да се залепат лебните трошки.


Потоа ставете ја во смесата со лебни трошки, лук и магдонос и притиснете ја убаво за да се залепи од двете страни на рибата. Земете едно големо тавче и загрејте на среден оган маслинов зејтин. Ставете ја рибата да се пржи прво со кожата надоле околу 7 минути. Потоа внимателно свртете ја од другата страна да се пржи уште 2 минути. 



Кога ке завршите со пржење исчистете го тавчето убаво. Додадете путер и сок од половина лимон во тавчето на среден оган. Оставете ја смесата да проварува 3-4 минути но на многу тивко за да не почне путерот да карамелизира. Кога смесата ке се редуцира попрскајте ја секоја риба со малку од смесата. Послужете ја рибата гарнирана со печениот компир. 



0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства