Ципура во фурна

Tuesday, January 29, 2013
0 КОМЕНТАРИ


Скоро секоја недела попладне го правам овој рецепт. Можеби затоа што сакам да јадам риба барем еднаш во неделата :)

- 5 компири
- 2 риби до кај 500 грама парче максимум
- 2 граничиња рузмарин (може и сушен)
- путер
- 3 лимони
- еден грст рукола

Исечкајте го компирот на рамномерни парчиња, полијте го со маслинов зајтин во тавче, додадете сол и бибер и размешајте ги малце да се умацаат убаво во зејтинот.

Исечкајте два лимони на тркалца и наредете ги како подлога на рибата за да не ви се залепи а компирот наредете го околу лимоните.

Нарежете ги рибите, јас ги нарежав попречно ама мислам дека заради распоредот на коските на ципурата подобро е подолжно да се нарежат ама длабоко околу сантим до два, зошто иначе кожата на рибата спречува ароми и вкусови да навлегуваат во месото. Ситно исецкајте 3 чешниња лук и наполнете ги зарезите со лук и рузмарин. Потоа кората од 3тиот лимон излупете ја на ленти и истата ставете ја во зарезите, а лимонот исцедете го врз рибата и компирот (малку е чудно компир со лимун ама мене ова многу добро ми финкционира). Ставете го тавчето во фурна на 220 степени и печете додека компирот не зарумени.

За салатата земете рукола и во шеќер измешајте 3 супени лажици маслинов зејтин  и 1 супена лажица балзамиран оцет, додадете сол и бибер и се тоа убаво промешајте го и истурете го одозгора на салатата. Јас заборавив да си купам пермезан иначе ситни листови пармеџано реџано многу добро ќе и дојдеа одозгора на салатата.

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства