Панакота со Јаболко и Цимет

Monday, April 01, 2013
4 КОМЕНТАРИ
- 500 мл слатка павлака за готвење (она шо го викаат хопла)
- 1 јаболко
- 1 лимон
- 1 чаша за кафе, шеќер во прав
- 2 супени лажици кафеав шеќер
- 1 чаша бело вино
- 1 лажичка цимет
- 4 листови мелиса (за деокрација)


Во еден сад ставете ја павлаката и шеќерот и ставете ги на оган додека не почне да проварува. Кога ќе почне да проварува намалете го оганот на пола да си крчка панакотата на тивко. И крчкајте ја се додека не згусне малце или не испари барем третина. Претурете ја панакотата во чаши и ставете ја во фрижидер да се стегне.

Излупете една јаболка, извадете ги семките и исечете ја на тенки ленти, отприлика 1 сантим. Загрејте една чаша вино во тенџере, додадете ги лентите јаболко, циметот, кафеавиот шеќер и остајте го да проварува едно 10 до 15 минути. Изрендајте кора од еден лимун и исцедете половина од лимоновиот сок и оставете го да провари уште малце. Одстранете ги јаболката оставете ги да се оладат и наредете ги врз панакотата кога ке биде стврдната. Декорирајте со малце цимет и мелиса одозгора.

4 КОМЕНТАРИ

Честитки за блогот. И мене готвењето ми е хоби и сакам да експериментирам и тоа токму во медитеранската кујна, но досега не сум направила вакви чекори во смисла на фотографирање, блог... Ти навистина даваш инспрација охрабруваш :)
Поздрав и се разбира поддршка за ова што го правиш
супер рецепт и видео.
Фала Bojana комплименти и за твојот блог неможам да му се изнаситам на тартот со калинка еднаш неделно обавезно се прај и тоа во дупла доза...
Ма ти си бог во кујната.
Совршено е се!

Моите рецепти и искуства