Пролетна Салата

Saturday, April 13, 2013
1 КОМЕНТАРИ
Малце си игравме денеска во кујна и по неколку варијации напрајвме лудница салата од свежи состојки шо ги најдовме по пазариве. Салатава искочи можеби една од најдобрите до сега што ги имам пробано. Тоа што многу ме изненади е како власецот се врза со руколата и во целиот овој склоп даде еден така малце по традиционален шмек. Шо би рекол еден драг наш: Избалансирано! 

- 1 шака ендивија
- 2  главици р'докви
- пола шака рукола
- 2-3 супени лажици рикота (несолена урда)
- десетина стебленца власец
- 6-7 шери домати



Измијте го зеленчукот. Р'доквата насецкајте ја на тенки тркалца а шери доматите на четвртини или осмини. Во еден сад за салата ставете ги ендивијата, р'доквата, руколата, власецот и доматите. Додајте маслинов зејтин, не повеќе од една голема супена лажица балзамиран оцет и посолете. На крај додадете ја рикотата одозгора. 

Иако на сликата за подготовка прво ја додадов рикотата па после маслиновиот зејтин и балзамираниот оцет. Сепак мислам дека обратно е подобра варијанта зошто балзамираниот оцет ќе ја обој рикотата (како на сликата подоле) темна и ке добиете нешто не така убаво за сервирање. Но и во двата случаи има прекрасен Пролетен свеж вкус.




1 КОМЕНТАРИ

Драгиот може само да чита од тука како се готви. Толку!

Моите рецепти и искуства