Млад компир

Sunday, March 24, 2013
1 КОМЕНТАРИ

Вчера на пазарот Буњаковец најдов млад компир па решив да направам еден интересен рецепт што ми наиде деновиве. 

- 2 големи компири
- 2 чешниња лук
- 2-3 гранчиња француски магдонос
- 1 чили пиперче (по избор ако сакате луто)
- 2-3 лажичи путер (за тие што постат растителен путер или растително малсо може)



Припремата на овој рецепт е многу лесна. Насецкајте го лукот и магдоносот, засечете ленти по пет милиметри на компирот но внимавајте да не засечете до крај. Наполнете го компирот со лук и магдонос. Додадете малце путер одозгора да се топи и лизга по зидовите на компирот и да ги носи вкусовите до внатрешноста. Ставете во фурна загреана на 220 степени околу 1 саат. Откако ке извадите поросете со малце свежо исецкано чили доколку јадете луто. 

Ако сакате стварно фраерски и поинаков шмек би ви препорачал магдоносот да го замените со рузмарин и еден стисок лимон со чилито да додадете. 

1 КОМЕНТАРИ

Го имам правено рецептов и ептен си го погодив, мераклика по компири :)))

Радости сум за блогов, браво :)

http://sanjaburgundy.blogspot.com/

Моите рецепти и искуства