Помодоро Базилико [UPDATED]

Saturday, October 25, 2014
1 КОМЕНТАРИ
Фотографија: Ани и Дими
Ова е еден од првите рецепти што научив да ги готвам и според мене еден од нај-јаките рецепти ever! Полна чинија свежина и мирис на Италија.
  • 400гр таљатели или некој други тестенини по избор
  •  800гр конзервирани домати
  •  пола чаша црвено вино
  • 1 морков
  • 1 кромид
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица путер
  • 4-5 чешниња лук
  • 1 голем грст босилок
  • 40 грама пермезан (Parmagiano Reggiano или Grana Padano) свежо рендан

Насецкајте го кромидот лукот и морковот на ситни коцкички и ставете ги да се пржат во подлабоко тавче се додека кромидот не смекне. Кога кромидот ќе смекне

Ставете 3 чешниња лук притиснати со рака на зејтин да се пржат додека не почнат да руменат по ивиците. Додадете ги доматите од конзерва и виното промешајте и намалете го огнот на половина оставајки доматите многу многу тифко да варат. После едно 20 минути со вилушка или дрвена лажица раздробете ги доматите на ситни парчиња или доколку имате рачен блендер испасирајте ги. Посолете со сол и бибер и промешајте оставете ги уште 20 до 30 минути се додека не се добие густ сос промешувајки од време на време. Некаде пред крај изрендајте две чешниња лук за екстра вкус и додадете една лажица шеќер, една лажица путер И намалете го огнот целосно.
Во длабоко тенџере ставете вода да зоврие, кога водата ке зоврие додадете една шака сол и ставете ги тестенините. Варете по упатството на кутијата или пробајте да ја скршите тестенината со нокт, ако видите разлика во бојата помеѓу внатрешноста и надворешноста на тестенината продолжете да варите. Кога бојата ке биде изедначена, извадете и зачувајте една до две супени лажици од водата во која варите и исцедете ги тестенините. Во сосот додадете ја зачуваната вода за да го растечните малце да дозволите тестенините да го упијат во себе. Внимавајте да не го растечните премногу.  На крајот со рака (не со нож) искинете го босилокот и додадете го но зачувајте едно или две ливчиња за декорација. Декорирајте со малку пермезан одозгора и свежи ливчиња босилок.

1 КОМЕНТАРИ

Подготвено од мајстор Петар со таљатели, испробано... ммммм, уживање!!!

Моите рецепти и искуства