Пилешки сендвич

Sunday, February 10, 2013
2 КОМЕНТАРИ

1 парче - стек исечено на половина 
1 - кисела карставичка
3 лажички - сенф
1 парче - црвен кромид (помал)
2-3 парчиња - шери домати
2-3 ливчиња босилок
1 јајце
Рукола
Путер
Маслинов зејтин

Во еден сад ставете една лажичка сенф, многу многу ситно сецкан босилок и жолчка од јајце. Матете брзо и долго и пополека додека матите додавајте капка по капка маслинов зејтин додека не добиете нешто што има густина мајонез а би требало и сличен вкус.

Стекот намачкајте го од двете страни со сенф, посолете го со сол и бибер и оставете го да одстои 20тина минути. Потоа испржете го во тавче се додека не зарумени убаво од двете страни.

На лепче намачкајте путер за да не дозволите лепчето да го упие мајонезот. Над путерот додадете мајонез, кисели карставички сецкани на тркалца, стекот, неколку шери домати сецкани на тркалца, два три прстени кромид и рукола.


2 КОМЕНТАРИ

Од кај го купи лепчево?
Ова го купив од Веро 2 ама мислам дека е на Пастел

Моите рецепти и искуства