Лазањи

Monday, April 13, 2015
0 КОМЕНТАРИ
Фотографија: Ани и Дими
Во некој претходен пост напишав неколку зборови за потеклото на лазањата. Како шо е редот за секој рецепт да напишам по некој збор историја и некој персонален збор еве и за нејзе. Интересен факт за лазањата е што се изговара во множина а е една. Во ред има јазици и кај шо се изговара во еднина. Во главно затоа што зборот се верува дека потекнува од грчки збор што означува тенко тесто. И затоа што во лазањи се ставаат повеќе од тие тенките кори веројатно ги викаат лазањи. Иако модерните рецепти како што прочитав на википедиа потекнуваат од Кампаниа старите римјани имале многу слично јадење од тенки кори кое го нарекувале Лагана.
Сеа делот со “персоналниот збор”. Малце е фејкерски рецептов и ми е малце како незгодно така што го постирам зошто се осеќам ко Џејми Оливер. Обично сакам автентични рецепти од свежи состојки ама еден ден после работа така у немање време без воопшто да прочитам некој рецепт за лазањи ни да размислам што правам почнав да фрлам работи и искочија супер.
  • 1 пакување кори за лазањи
  • 350 грама доматно пире
  • 350 грама моцарела (тежина на сирењето без вода - исцедена маса)
  • 500 грама мелено јунешко месо (или по избор)
  • 100 грама пармезан (грана падано или пармаџано реџано)
  • 100 мили-литри Heinz кечап
  • 2 моркови
  • 1 поголема глава кромид
  • 2-3 чешниња лук
За да започнеме прво ке го припремиме доматниот сос. Ова е нај лажниот дел од цел рецепт. Во еден поголем сад стаклен или за салата го ставаме доматното пире половина чаша вода и кечапот. Додаваме една супена лажица оригано, половина лажичка лук во прав убаво посолуваме и мешаме за ориганото и другите состојки убаво да се измешаат. Доколку не добиете смеса што на ликува на средно течен кечап додадете уште малку вода и промешајте повторно. Пробајте и доколку имате идеја додадете уште некој од вашите омилени зачини.
Исецкајте го кромидот на ситни коцкички. Излупете го и исекајте го морковот исто така. Во едно подлабоко тавче додадете го Кромидот и морковот на зејтин да се пржат едно 5-6 минути а потоа додадете го лукот ситно исецкан и пржете уште две три минути. Додадете го меленото месо мешајки и толкчејки го цело време за да не се залепи туку да се добијат ситни зрнца. Кога меленото месо ке изгледа прилично заруменето од сите страни но не целосно испржено додадете две третини од доматниот сос во месото и промешајте го уште 4-5 минути на оган а потоа тргнете го.
Пред да почнеме со спојување на лазањата ке додадеме уште малце вода во останатата една третина од доматниот сос за да биде малце по течна. Бидејки не се користи бешамел сос во овој рецепт вода помага да се сварат корите убаво и да не бидат пресушени и крцкави како чипс.
Во еден подлабок плех приближно 20cm x 30cm и околу 3-5cm длабоко наредете еден ред кори за лазањи. Внимавајте на спојовите малце да бидат преклопени корите за да се врзат убаво да не се распаѓаат. Потоа поделете го месото на три дела и ставете една третина врз првиот ред кори. Попрскајте малце од растечнетиот доматен сос за влага и раскинете и распрскајте четвртина од моцарелата одозгора врз месото. Наредете уште еден ред кори и повторете ја истата постапка уште два пати. На крај наредете го горниот ред кори врз нив попрскајте малце од растечнетиот кечап може и малку вода, последната четвртина од моцарелата и нарендајте пармезан.
Ставете ги лазањите да се печат во фурна на 180 степени околу 30 до 45 минути. А потоа послужете ги и уживајте. Колку потопли се јадат толку се поубави зошто моцарелата е сеуште теглива. Исто така доколку не ви е доволно солено може да изрендате уште малце свеж пармезан од горната страна.

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства