Тарт со Тиква

Wednesday, January 14, 2015
0 КОМЕНТАРИ
Фотографија: Ани и Дими
Пред некоја недела наидов на една интересна слика од @RosicaMD и веднаш и пишав да ми прати рецепт. Прво бев изненаден зошто сликата беше многу убава и мислев дека е украдена од некаде меѓутоа набрзо @RosicaMD ми одговори и ми прати рецепт почнавме голема дискусија околу тартот или пита или како сакате. Рецептот е помалку сменет од нејзиниот односно тестото кое што таа ми го предложи го заменив со тесто за тарт кое го позајмив од рецептот на sitnoseckano.com тарт со чоколада и калинка. Имено промената се однесуваше наместо да се користи зејтин и маргарин, целото тесто да се направи на база на путер.

За тесто:

  • 250 грама брашно
  • 1 лажица шеќер
  • 225 грама путер
  • 2-3 лажици ладна вода

За фил:

  • 400 грама печена (или варена) тиква
  • 100 грама шеќер
  • 30 грама кафеав шеќер
  • 100 милилитри млеко
  • 2 јајца
  • лажичка цимет
  • четвртина лажичка сол
  • четвртина лажичка морско оревче
  • половина лажичка свежо рендан ѓумбир
  • половина лажичка ситно рендана кора од портокал
За да го припремиме тестото во еден голем сад го ставаме брашното и шеќерот и малце ги промешуваме. Путерот го сецкаме на коцки околу еден до два сантиметри и го додаваме што поладен, тоа поубаво.  Додаваме и две до три лажици ладна вода и месиме притискајки силно со рацете додека смесата не се соедини убаво. Притискајте убаво за да го растворите путерот во брашното. Земете  кујнска пластична фолија и исечете две коцки. Ставете го тестото во форма на топка на едната волија а потоа притиснете го одозгора за да направите форма на диск. Потоа со втората фолија покријте го тестото. Во оваа фаза путерот е делумно стопен и треба малце да се олади, ставете го во фрижидер некое време додека да го подготвите филот.
За филот во еден голем сад ставете цимет, сол, морско оревче, свежо рендан ѓумбир, шеќер, кафеав шеќер, кора од портокал и две јајца и промешајте убаво да се соедини смесата. Додадете 400 грама од мекиот дел од тиквата но не корките и промешајте убаво да се растопи во филот.
Извадете го тестото од фрижидер и со сукало уште додека се наоѓа помеѓу фолиите засукајте го да се добие округло тесто не подебело од половина сантиметар. Доколку сакате може да ги отстраните фолиите и истото да го направите на маса но претходно напрскајте малку брашно на масата а и на горната страна од тестото за да не се залепи на масата или на сукалото. Јас претпочитам да го сукам додека се наоѓа помеѓу фолиите зошто е почисто и не се прави лом со брашно на маста. Работете побрзо иако тестото е тврдо не сакате да се стопи путерот. Кога ќе го растегнете тестото земете калап за тарт или добош за торта или округло тавче. Доколку користите добош или тавче обложете го со хартија за печење но исечете ја хартијата малце поголема за да се качи по ивиците. Доколку користите калап за тарт доволно е да го премачкате со малку путер. Внимателно ставете го тестото во калапот и формирајте ги ивиците. Внимавајте од сите страни да има барем еден до два сантиметри високи ивица за да не претече филот кога ке го ставиме. Кога ќе го направите ова земете една вилушка и избоцкајте го рамниот дел од тестото така што ке спречите да се подуе од воздухот што се наоѓа под него за време на печењето. Доколку за време на формирање путерот премногу се отпуштил односно тестото е многу меко вратете го тестото повторно во фрижидер со калапот најмалку 30 минути додека не се стегне повторно.
Ставете го тестото да се пече во загреана фурна на 180 целзиусови степени 10 минути а потоа извадете го. Промешајте го филот убаво и потурете го врз тестото и вратете го повторно да се пече уште 15 до 20 минути па може и 30 минути или печете се додека не видите дека тестото на ивиците почнува да заруменува убаво.

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства