Супа од Тиква

Saturday, November 29, 2014
0 КОМЕНТАРИ
Фотографија: Ани и Дими
Малце закаснето со рецептов што не го напишав за "the thanks giving day" ама имав многу напорна работна недела. Дојде викенд и решив да избегам од Скопје и да си го оставам лаптопот да се одморам. За среќа Ани на Дими кои дојдоа со нас на викенд решија да донесат лаптоп и да ме натераат да го напишам рецептот за супата. Ако не за ништо друго, заради сликите што се многу убави. Не дека супата не е.
  • половина нормална големина тиква
  • 1 коцка супа од зеленчук
  • 3-4 семки кардамон
  • печени семки од тиква
  • 1 палче ѓумбир
  • 2-3 лажици павлака (не кисела туку нормална)
Исчистете ја тиквата и одстранете ги семките а потоа ставете ја тиквата во една тава и печете ја 30-45 минути додека не омекне внатрешноста. Ставете во едно тенџере 1 литар водата и ставете ја на оган да зоврие. Кога водата ќе зоврие додадете ја коцката, семките кардамон изрендајте околу 1 сантим од палчето ѓумбир на најситно ренде и промешајте. Оставете ја супата 5 до 10 минути да проварува на потивко. (Доколку сакате да најдете семки од кардамон во Скопје има во Рамстор мол маркетот)
Одстранете ги семките кардамон од супата, извадете го мекиот дел од тиквата отстранувајки ја кората и ставете го во блендер а потоа додадете 2 чаши од супата. Блендајте повремено додавајки од супата за да добиете густина која ја посакувате. Јас на пример супите ги сакам по кашасти и погусти па затоа користам помалце од супата од зеленчук.
Супата од блендерот вратете ја во тенџере. Во тенџерето додадете сол по желба, и многу свежо мелен бибер и вратете на оган да проварува уште 5-10 минути на потивко. Послужете ја супата со малку павлака за да ја освежи и неколку печени семки од тиква за да добие крцкавост.

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства