Супа од Брокула со Вргањ

Thursday, November 13, 2014
0 КОМЕНТАРИ
Фотографија: Ани и Дими
  • 1 голема брокула
  • 1 коцка супа
  • 4-5 парчиња сушен вргањ
  • 2-3 лажица павлака (не кисела)
  • 1 парче леб 
Листовите вргањ се ставаат во една чаша со вода за да се рехидрираат. Во тенџере се зоврива вода и се ставаат цветовите од брокулата. Може да ги користите и дршките меѓутоа користејки ги цветовите и потенките стебла се добива поубава текстура. Брокулата се вари 3-4 минути а потоа се промива со ладна вода за да се сопре процесот на готвење. 
Цветовите брокула ги тргаме на страна а во истото тенџере ставаме еден литар вода да зоврие. Кога водата ке зоврие се додава коцката супа и се остава да провари 5-6 минути. Потоа брокулата ја ставаме во блендер или во некој сад каде ке ја процесираме со рачен блендер. Се процедува вргањот и се додава на брокулата и ставаме една чаша од супата. Блендаме со блендер додека не се добие кашеста смеса а потоа пополека додаваме од супата со чаша и промешуваме за да се добие густината што се посакува. Јас на пример сакам погуста и по кашеста. 
Лебот се пропекува на тостер два три пати за да се добие двопек а потоа се сече на ленти. За сервирање во садот обично прво ставам една лажица павлака на дното а потоа ја ставам супата одозгора и неколку парчиња леб. Така павлаката е скриена и кога се јаде доаѓа како изненадување. Доколку сакате екстра шмек одозгора над супата ставете малку свежо мелен мешан бибер  (црвен,зелен,црн) му дава многу убава арома и освежува. А поготово ако сте болни ставете повеќе, многу повеќе. Као демек докторката ми рече дека помагало.
Иначе кога првпат постирав слика од супата, мојата пријателка @JovanaTozija ми рече дека изгледа ужасно гадно па морав да работам малце на изгледот да биде попримамлива. После некоја година кога пријателката ми дојде на гости решив да ја направам истата супа и мислам дека и се свиѓаше. Барем така ме излажа.  UPDATE: Пријателот @mufix кој инаку не јаде брокула, ја проба супата и многу му се свиѓала. Така да тие што не јадете брокула или не ви изгледа убаво не им верувајте на предрасудите.

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства