Гвакамоле

Tuesday, November 11, 2014
0 КОМЕНТАРИ
Фотографија: Ани и Дими
Гвакамолето е чиста мексиканска класика. Го има на секој филм, на секоја емисија за готвење, сите брцаат доритос у него и се запрепастени. Затоа што незнаев многу за намазот кога го пишував постот седнав малку да прочитам, да не речам да се спремам. Искочи дека гвакамолето датира уште од Ацтеките и во оригиналниот рецепт се користи само авокадо и сол. Првпат кога го направив морам да кажам дека беше ужасен и не се јадеше. Но после неколку дена решив да го направам повторно после долго читање на рецепти и совети.
  • 1 големо и зрело авокадо
  • четвртина главчка кромид
  • 4-5 шери домати
  • 10 ливчиња коријандер
  • 1 лимета (зелен лимон)  
  • 1 мало чили пиперче (опционално)
Гвакамолето е многу лесно за припрема и ќе ви треба се на се околу 10 минути. Прво засечете го авокадото на половина заокружувајки ја семката. Потоа двата дела авокадо завртете ги во спротивна насока и ке се одбојат од семката. Со лажица исцрпете го авокадото и ставете го во аван или некој друг сад и толчете го со толчник. Јас бидејки нејкам да се замарам да го мијам аванот и толчникот го ставам на даска за сецкање, го сецкам на ситни коцкички а потоа со ножот во хоризонтална положба го притискам одозгора за да се претвори во каша. Внимавајте да користите зрело авокадо. Кога ке купувате авокадо секогаш притиснете го со прсти да е меко. Доколку авокадото не е меко нема да се претвори во каша и нема да добиете намаз туку нешто повеќе што личи на салата.
Главичката со кромид исечете ја на многу ситни коцкички. Доматот исто така исечете го на многу ситни коцкички околу половина сантим големи. Направете го истото со ливчињата коријандер и се заедно додадете во садот со гвакамолето заедно со сок од половина лимета.
Додадете сол во гвакамолето и промешајте го убаво а потоа пробајте. Доколку не осеќате доволно киселина додадете лимета, доколку не е доволно солено додадете сол. Кромидот и немора така многу да се осеќа будејки колку повеќе седи гвакамолето толку посилен станува неговиот вкус. Внимавајте да не користите премногу коријандер бидејки може да преовладее со вкусот.
Доколку сакате луто кога ке го послужите во сад попрскајте одозгора со многу ситно сецкана црвена чили пиперка. Не би препорачал да ја ставите пиперката директно во гвакамолето бидејки ке го залути целото. Вака ке добиете не-луто гвакамоле што со секој гриз што го правите ке ослободува лутина и ќе делува по свежо и по експлозивно.

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства