Пилешко на ловџиски начин

Tuesday, February 11, 2014
0 КОМЕНТАРИ
Ова е еден класичен ловџиски рецепт од Италија кој најчесто се подготвува со зајак но и со пилешко. Рецептот е малце оптимизиран на нашите навики но и олеснет за брза подготовка после работа.
  • 2 пилешки копани со кожа
  • 7-8 средни шампињони
  • 1 морков
  • половина гравичка кромид (средна големина)
  • 1 чешне лук ситно сецкано
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена или жолта пиперка (опционално за боја да изгледа пошарено може да замените со било каква)
  • 1 конзерва 400 грама сецкани домат
  • 1 чаша вино
  • оригано
  • магдонос и влашец за декорација
Прво за состојките. За пиперките може да ставите било какви две средни јас одбрав црвени и жолти за да има малце игра на боја затоа што луѓето јадат и со очите. Што се однесува на доматите може да користите и свежи домати проварени една минута па излупени и исецкани. Причината зашто користам конзервирани домати е затоа што доматите во овра време се малце невкусни и не баш добри а овие конзервираните се затворени во идеална состојба па така може да добиеме конзистентен квалитет преку цела година.
За да почнете копаните напрскајте ги со сол и мелен бибер и ставете ги во тавче на зејтин да се испржат на силен оган. Околу 3-4 минути секоја страна но пред да ги извадите со штипка за салата држете ги стековите од бочните страни така да бидат убаво испржени од секаде бидејки се подебели. Отстранете ги копаните но задржете го зејтиног
Насечкајте ги шампињоните, морковот, кромидот и лукот а потоа ставете ги во тавчето и пропржете ги околу 5-6 минути на средно силен оган. Додадете ги пиперките и пропржете уште 2-3 минути. На крај додадете го доматот, чашата вино, една лажичка оригано и оставете го да почне да кркори и додадете малце оригано.
Додадете ги копаните назад и оставете го на среден оган да проварува околу 10-15 минути додека не испари течноста и малку згусне. Наросете со магдонос и влашец за декорација.

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства