Тантуни

Sunday, September 29, 2013
0 КОМЕНТАРИ
Фотографија: Yane Naumovski

Инспириран од ноќниот живот и брзата храна на Турција @BorjanJovanovsk реши да не угости мене и @mufix со еден ориентален рецепт. На прв поглед кога гледав како се припрема овој рецепт си реков... Uhm well, just another Гиро. Верувајте мислам дека немам пробано ништо вакво слично во мојот живот. Тантуните се сметаат за "храна за сиромаси" исто како и лахмаџунот. Тие иначе потекнуваат од градот Мерсин на јужната обала на Турција и многу брзо се прошируваат низ државата. Автентично се спремаат во големи метални тави кој што имаат мало задлабување во средината каде месото се попрскува со вода и лимон. Целиот тој процес се прави со метална лажица. Легендата вели дека името Тантуни потекнува од удирањето на лажицата по металното тавче и тоа звучело нешто како: Tan tun, tan tun!


  • 600 грама јунешко чисто месо
  • 2 домати
  • 1 голема главичка кромид
  • 1 китка магдонос
  • 1 зелена салута
  • 4-5 тортиљи
  • 3-4 лимони
  • 2 супени лажици ориентални зачини
  • 1 лажичка сумак

Прво малце околу состојките. За екстра поубав шмек на видеото користевме мешавина од јагнешко и јунешко месо. Сумак е зачин кој често се употребува во брзата храна во Турција. Моментално мислам дека го има само Рамстор од производителот Багдат. Кај тантуните тоа што е поразлично е што месото се пржи и пече со ориентални зачини секоја бутка што продава тантуни има своја мешавина зачини. Најчесто е нешто како Рас Ел Ханут, мелена мешавина од најразлични зачини како: кумин, куркума, ѓумбир, кардамон, сушен лук, буковец од чили, кориандер, црвен пипер и слично. Може да си прилагодите сами своја мешавина од повеќе зачини или да купите готова мешавина. Една мешавина што би ја препорачал е Тако Микс кој што може да се купи во Рамстор кај гондолата со зачини. Но сепак би препорачал да направите ваша мешавина така што на рецептот ке му даде ваш персонализиран шмек.

Месото исечете го на средно големи коцки отприлика колку еден финџал а кафе но не поголеми бидејки нема да се сварат целостно. Зовријте еден голем лонец со вода и додадете една лажица од вашиот ориентален зачин по желба. Додадете го месото во лонецот и оставете го да се вари 1 час.

Додека месото се вари исецкајте го доматот на ситни коцки, кромидот на тенки месечинки и насецкајте ја марулата. Додадете една лажица сумак и промешајте.

Кога месото ќе се свари извадете го и насецкајте го ситно. Во една чаша исцедете еден лимон и додадете од водата во која се вареше месото. Од ова ќе направите мешавина со која што ќе го попрскувате месото додека се пржи.

Во тавче загрејте путер и додадете масло пропржете го месото а при крајот додадете малку ориентален зачин и 3-4 лажици од водата со лимон. Ќе приметите дека на дното од тавчето ќе се направи сос. Една по една тортиљите ставете ги над месото и протријте ги убаво за да упијат од водата и да омекнат а притоа да примат од мирисот на месото. Наредете по малку од месото на секоја тортиља а над месото наредете дарежливо од салатата, процедете неколку капки лимон и замоткајте ги тортиљите. Послужете со ајран или павлака.

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства