Шпагети со школки [UPDATED]

Sunday, October 27, 2013
1 КОМЕНТАРИ
Фотографија: Yane Naumovski
Пред неколку години бевме нешто службено низ Солун со @fidanska и нашиот пријател Guillaume на истражување за неговата докторска на тема Македонско-Грчки односи. На крај од денот домаќинот Јорго или како што ние го викавме Гоце реши да не однесе во една таверна блиску до кулата. Мислам дека тоа беше една од најпрекрасните таверни во која некогаш сум бил и ми остави многу добар впечаток. Неколку години подоцна на проаѓање низ Солун решивме со @ElenaTrimceska да застанеме да к'снеме нешто добро. Ми текна на таверната и решивме да отидеме а таму не пречека рецепт на денот Шпагети со Школки. Ко што не дале нас двајцата такви болни по морска храна мислам дека не мора да кажам дека им се фрливме веднаш. Толку беа добри што морав да поразговарам со шефот малце и да ми открие неколку тајни околу рецептот. Се разбира знаев дека мора да ги ставам на блогот. 
После неколку дена се чув со @BorjanJovanovsk со кој редовно правиме готвачки фестивали во неговиот двор во недела,  му раскажав за тестенините и веднаш знаевме што ке јадеме таа недела. Беше малце тешко да се најдат школки кај нас зошто ги нема цело време и треба да ги начекате. Еден добар совет е да пробате во керфур во четврток. Инаку може да се најдат и во Рамстор и во Веро 2 но незнам точно кој ден ги носат.
  • 500грама Школки
  • 3 поголеми чешниња лук или повеќе помали
  • 1 огромен домат или два помали 
  • 10тина гранчиња магдонос
  • 10тина листови крупен џеновезе босилок
  • 1 лимон
  • 250грама шпагети

Школките се малце деликатни за чистење. За чување нема да ви зборам но најдобро е да ги готвите веднаш кога ке ги купите. Ставете ги школките на работна површина. Доколку има некоја скршена исфрлете ја, a доколку некој од нив се отворени чукнете ги со лажиче или со чврга (народски кажано). Тие што нема да се затворат кога ке чукнете фрлете ги исто така. Останатите ставете ги во лонец со отприлика 4 литри ладна вода и третина чаша сол. Школките ќе почнат да се прочистуваат во водата и може да испуштат песок или некој други работи што ги имаат проголтано. Земете едно сунгерче или тврда четка за триење и тријте ги силно од двете страни на млаз од ладна вода да се исчистат целосно една по една. Ќе забележите дека од средината на отворот излегува нешто налик алга (Byssus Thread) потегнете ја винмателно лево десно немојте  премногу нагло зошто може да ја оштетите школката. Доколку има влакненца на школката отстранете ги со рака. Ако не ги ставате веднаш во сос ставете ги во чиста ладна вода или доколку не ги ставате во вода а се отворат потчукнете ги повторно за да се затворат пред да ги ставите во сосот. 
Ставете вода во лонец отприлика за оваа количина на шпагети ви треба околу 3 литри. Кога водата ке зоврие додадете една шака сол и ставете ги шпагетите. Кога ке ги ставите со вилушка малце подвиткајте ги така да не седат половина во вода половина на суво бидејки нема да се сварат рамномерно. Сварете ги алденте односно според упатството на кутијата, не ги преварувајте бидејки не правите сутлиаш :)
Во едно помало тенџерче наполнете вода доволно за да го потопите доматот и зовријте ја водата. Кога водата ќе зоврие набодете го доматот на неколку места со нож и ставете го да поврие 3-4 минути. Кога ке го извадите доматот ќе приметите дека лушпата ќе почне сама да се одвојува. Излупете го доматот и исечкајте го на многу многу ситни коцкички отприлика околу половина сантим големи и одстранете го средниот зелен дел. Бидете внимателни да ја зачувате течноста од доматот. 
Додека доматот си проврива наполнете половина чаша за кафе со маслинов зејтин и многу многу ситно исецкајте едно до две чешниња лук и ставете ги да се маринираат во зејтинот со малку мелен бибер.
Во едно тавче загрејте маслинов зејтин и додадете 2 чешниња лук сецкан на тенки тркалца да се пропржи на среден оган. Кога лукот ќе зарумени малце додадете ги коцкичките домат заедно со течноста од доматот. Оставете го тивко да проварува 2-3 минути а потоа додадете половина чаша вино или малку повеќе вино додека тавчето не се наполни 2 сантими за да може школките да бидат половина потопени во течност и секако ставете ги школките.
Поклопете го тавчето со капак и оставете ги школките да се проварат. Тие се варат многу брзо 3 до 4 минути највеќе. Кога школките ќе се сварат тргнете ги од оган и отворете го тавчето. 
Сите школки кои при варењето не се отвориле целосно фрлете ги. Останатите школки префрлете ги на една чинија наредени со отворот нагоре и попрскајте ги внатре кај месото со половина лимон. 
Навалете го тавчето со сосот преку мијалникот да истече малце од виното бидејки ќе има премногу течен сос за да се врзе со таа количина тестенини. Покријте го тавчето со капак кога ке го навалувате за да не се случи доматите да ви избегаат во мијалникот. Оставете отрпилика половина сантиметар течност во тавчето заедно со доматите. Сварените тестенини процедете ги убаво и додадете ги во тавчето, одозгора истурете ја мешавината од лук и маслинов зејтин, вратете го тавчето на силен оган и промешувајте цело време 2 до 3 минути за тестенините да го упијат сосот од вино и домат а мешавината од маслинов зејтин и лук да се распореди убаво низ тавчето. Внимавајте да ги распоредите коцките од доматот рамномерно низ шпагетите исто така. Ако е потребно со лажица земете од дното на тавчето и ставете одозгора преку шпагетите. Тргнете го тавчето од оган и кога топлината ке стивне за неколку секудни додадете ги босилокот и магдоносот ситно исецкани и промешајте да се распоредат убаво низ тестенините.  
Послужете ги шпагетите а одозгора на секоја чинија наредете школки. Значи немам суперлативи да ви кажам колку немам пробано нешто подобро од ова :) 

1 КОМЕНТАРИ

супер рецепт!

Моите рецепти и искуства