Летна Паста Салата

Saturday, June 01, 2013
0 КОМЕНТАРИ

Оваа паста е навистина брз начин да си припремите нешто за јадење кога немате многу време нели. Јако е тоа што може да направите комбинации од било што свежо што ќе ви се најде по дома.

12 шери домати
1 помала тиквичка
100 грама тестенини по избор
4-5 зелени маслинки
30тина грама пермезан

Ставете ја тестенината да се вари според упаството на кутијата, внимавајте да биде ал-денте да не претерате со варење зошто ке биде бљунтава во салатата. Насечете ги шери доматите на четри делови и ставете ги во сад за правење салата. Насечете ја тиквичката така што ке ги одстраните прво краевите, потоа насечете ја на осум ленти. Влажниот дел со семки од секоја лента отстранете го а потоа лентите пресечете ги накосо за да добиете тиквички во форма на макарони.



Маслинките насечкајте ги на тркалца и измешајте се. Додадете малце маслинов зејтин, оригано и сол. При мешањето бидете малце по груби со доматите за да ја испуштат својата течност бидејки кога ке ги ставиме тестенините тие ќе ја упијат таа течност.



Исцедете ги тестенините и измешајте ги во салатата. Одозгора може да наросите малку сушена брусница доколку сакате и секако малце пермезан. На здравје...

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства