Пилешко со кикиритки

Sunday, May 26, 2013
0 КОМЕНТАРИ

Некако цело време ја избегнував азиската кујна мислејки дека бара многу техника. Неколку пати пробував дури и сам да ја провалам но не ми успеа. И така еден ден дојде на гости Ива и реши да ми покаже како она го прави тоа.

  • 1 поголем пилешки стек пресечен на половина
  • 1 главичка кромид
  • 2 пиперки
  • 2 моркови
  • 1 домат
  • една шака вакумирани ослени излупени кикирики
  • половина средна големина зелка
  • 100 гр ориз
  • соја сос

Во тенџере бланширајте еден до два домати така што со нож ќе ја дупнете на неколку места неговата лушпа и ќе го оставите две до три минути да врие во вода. Извадете го доматот поминете го со ладна вода за да го сопрете процесот на готвење а потоа отстранете ја лушпата и раздробете го на ситни парчиња. Во истото тенџење додадете го пилешкото месо цело не сецкано и оставете го да се вари додека не биде скоро готово. Кога ке го извадите од водата исецкајте го на ситни коцки. Во една чаша ставете 2 до 3 лажици балзамиран оцет и дополнете ја до пола со вода. Потоа во истата чаша ставете една шака кикиритки и оставете ги да се маринираат. Исецкајте една главичка кромид и 2 до 3 средни моркови на коцкички и ставете ги во вок тава да се запржат додека кромидот не стане транспарентен.

Кога кромидот ќе стане транспарентен додадете една супена лажица соја сос и една супена лажица балзамиран оцет и појачате ја температурата. Оставете го да се проврива додека не испари киселоста од оцетот 2-3 минути. Потоа ставете ги коцките пилешко месо и исечканиот доматот и промешувајте цело време за да не загори.

Процедете ги киритките и додадете ги, намалувајки го оганот повторно на половина но внимавајте да има сила да пропржува и промешувајте цело време. Потоа исецкајте две пиперки и додадете ги мешајки цело време за да се пропржуваат убаво.

Пропржете ги две минути најмногу а потоа додадете половина мала зелка исецкана на ситно.

Иако тоа ви изгледа многу пржејки таа цела ќе се собере како на сликата подоле. Зачинете со сол по вкус. Пилешкото со киритки е веќе готово сварете го оризот според упаството на кутијата. Промешајте малце соја сос и послужете.

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства