Интересни Факти No.1

Monday, May 20, 2013
0 КОМЕНТАРИ
Деновиве читав некои книги и наидов на некои интересни факти за храна и готвење и нормално малку интересна историја.



Факт Бр.1 Ајвар. Зборот Ајвар потекнува од турскиот збор havyar кој во превод значи кавиар. Ајварот првпат почнал да се прави во вардарскиот регион, барем така се верува. И нели според името го сметале за кавијар.

Факт Бр.2 Сарма. Зборот сарма е исто така турски збор кој што во превод значи замотана нешто, односно замотана храна или ролничка. 


Факт Бр.3 Чај. Можеби е мит ова и малце помалце факт ама чајот го измислил кинескиот владетел Шеннонг кој додека патувал со војската застанал некаде близу до некој растенија и им наредил на својте луѓе да му зовријат вода за пиење. Додека водата вриела дувнал ветер и неколку листови од растенијата завршиле во садот. Кога тој го пробал се запрашал зошто водата има толку чуден вкус, мислеле дека неговите луѓе сакаат да го отрујат па сакале да ги убијат на лице место но овој ги сопрел бидејки било навистина добра пијачка

Tea plant

Факт Бр.4 Чај. Чај е посебна врста на билка Camellia Sinensis. Кога мислите на чај од камилица, нане, лимон или нешто слично се мисли на истата билка со инфузија на мирис од другите растенија. Затоа се што се продава спакувано во кесичка не е чај туку напиток. Чај се прави само од Camellia Sinensis. Португалија е единствената држава во Европа која што има плантажи на ова растенија. 

Факт Бр.5 Повеќето јадењa кој што ги сметаме за Македонски Национални јадења како Турли Тава, Мусака, Сарма па и некој други како Таратур и слично се јадење раширени од отоманците за време на Отоманската Империја. Тоа се јадења претежно присобирани и ширени однасекаде каде што поминала империјата. 

Факт Бр.6 Во Македонија до 19-ти век се користеле многу повеќе Зачински треви во готвењето отколку денес. Се верува дека исчезнувањето на Зачинските треви во секојдневната кујна како Босилок, Рузмарин и слично е поради верските обичаи но и животниот стандард на луѓето.

Факт Бр.7 Има легенда која вели дека тестенините во Италија ги донел Марко Поло од Азиските предели кај што нели ги прават од оризови семиња и ги викаат Нудлс. Меѓутоа во старите романски записи пишува дека романците правеле јадење наречено лагнум или лагана која што било некој вид на редени тестенини кои се верува дека се предците на денешната лазања.

Факт Бр.8 Во Холандија циметот го сметаат како зачани и за солена храна не само за блага. 

Факт Бр.9 Доматот е овошка а не зеленчук. 

Факт Бр.10 Босилокот потекнува од Азија, кој многу доцна допатувал до Европа а денеска е една од основните состојки на Италијанската кујна. Се смета дека босилокот им смета на некои видови на инсекти и токму затоа се сади во близина на домати за да го штити.

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства