Börek зденка маслинка [гостински пост]

Sunday, April 14, 2013
0 КОМЕНТАРИ

Значи идејата е вака идете до 5 саат сабајле во балет, и мајче ви вика нема зденка маслинка! Си легнувате да спиете и утре сабајле @ElenaTrimceska ве буди со бурек зденка маслинка!



- 500 грама кори
- 300 грама зденка
- 150 грама маслинки

Во еден сад ставате 250 милилитри вода со 125 милилитри зејтин и една лажичка сол. Промешувате убаво.


Ги одстранувате семките од маслинките, ги лупите зденките и сецкате а потоа промешувате.


Во едно тавче редите две кори ги попрскувате со малце од смесата од маслинов зејтин и вода. Редите уште две кори ги попрскувате повторно па после ставате една третина од филот со зденка и маслинка. Редите уште две кори ги попрскувате и повторно редите од филот. Повторете го тоа три пати. Врз третиот фил ставете една кора па попрскајте ја, ставете втора кора па попрскајте ја и ставете трета кора па попорскајте ја со мешавината од вода и зејтин. На крај преклопете ги најдолните кори. Или попросто 2 кори, мешавина, 2 кори, мешавина, фил, 2 кори, мешавина, фил, 2кори, мешавина, фил, 1 кора, мешавина, 1 кора, мешавина, 1 кора, мешавина, преклопете ги долните кори и полијте со мешавината што ви останала. 


Ставете го да се пече на 180 целзиусови степени во фурна околу 40тина минути односно додека не зарумени. Превртете го пресечете и послужете. Наздравје лечење мамурлук.



0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства