Ролни од Модар Патлиџан со Шпагети

Saturday, April 13, 2013
0 КОМЕНТАРИ

Одамна имав идеја да направам нешто вакво, и првпат го видов на јутјуб пред неколку години. Искрено да кажам незнаев што да очекувам од вкусот и многу пријатно ме изненадија. На прво се осеќа киселоста на патлиџанот а веднаш потоа моцарелата, за да стигне до благиот вкус на модриот патлиџан. Што би рекле "Ремаркабл". Некако спонтано се појави Теа од Часови По Готвење и ми рече дека биле многу вкусни кога ги проба а сеуште незнам дали ми правеше лице или не... Ова е малце потешко и калорично јадење така да не би препорачал да го правите доколку служите повеќе корсови. А и самото бара многу трпение и нерви.


- 2 големи модри патлиџани
- 1 голем кромид
- 3 големи чешниња лук
- пола чаша рикота (несолена урда)
- 1 грст босилок
- 200 грама моцарела
- 680 грама доматно пире (на шишенцето да пишува пасата)
- 100 мл црвено вино
- 100 грама шпагети

Насецкајте го кромидот на ситни коцкички и лукот и ставете ги во загреано тавче со зејтин да се пржат додека кромидот не почне да станува продзирен. Додадете го доматното пире и виното и намалете го оганот на половина да си проварува тивко и варете 30тина минути. Искинете го босилокот со раце на ситни парчиња и додадете го на самиот крај во сосот од домати.


Во големо тенџере ставете вода да зоврие. Кога водата ќе зоврие, истурете еден грст сол и додадете 100 грама шпагети. И сварете ги нормално според упаството на кутијата но не ги преварувајте да станат како сутлиаш.

Исцедете ги шпагетите и зачувајте половина чаша (за чај) од водата од шпагетите. Додајте ја водата во сосот од домати за да го растечните а потоа поделете го на два дела. Едната половина ставете ја во тавче со кое што може да се пече во фурна. Во другата половина додајте ја рикотата и шпагетите и измешајте убаво да добиете нешто како на сликата подоле.


Модрите патлиџани пресечете ги на ленти околу 4 до 6 милиметри дебели и поросете ги со малце брашно. Потоа испржете ги на зејтин по 2 минути од секоја страна или додека не заруменат како на сликата подоле.


Лентите оставете ги на салфетка да се исцедат. Кога ке се исцедат одстранете ја лушпата од патлиџанот зошто дава горчина. Во средина на еден патлиџан наредете шпагети а потоа замотајте го патлиџанот како ролат(сликата подоле).


Во тавчето во кое ја ставивте половината од доматниот сос наредете ги ролните а потоа додадете тенки листови моцарела од горната страна на секој ролат. И ставете го во фурна да се пече десетина минути на 220 целзиусови степени. 


Печете се додека не се стопи моцарелата. Кога ке сервирате ставете малце од црвениот сос на чинијата а одозгора две ролнички што е сосема доволна количина за еден човек. И наросете малку свежо рендан пермезан. 


0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства