Салата со рукола и ракчиња

Friday, March 22, 2013
0 КОМЕНТАРИ

2 грста рукола
150 грама чистени мали ракчиња 
1/2 лимон
1 гранче рузмарин

Ставете ги ракчињата да се варат во зовриена солена вода 5 минути. Исцедете ги ракчињата додадете една до две лажици маслинов зејтин и една до две лажици сок од лимон и вратете на оган да се запржат ракчињата 2-3 минути. 

Измијте ја руколата и ставете ја во сад за салата, оставете ги ракчињата малце да се подоладат и истурете ги во салатата заедно со сосот од тенџерето, доцедете го остатокот од лимунот во салатата попрскајте со иглички рузмарин и промешајте. 


0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства