Рижото Миланезе

Monday, March 25, 2013
0 КОМЕНТАРИ

Ова е еден класичен италијански рецепт и мислам дека еден од најпознатите кога станува збор за рижото. Легендата вели дека некој столар кој правел рамки за слики му поклонил на Гуалтиеро Маркези неколку златна фолии, кој подоцна Маркези ги употребил за деокрација на оризот. Доколку најдете убав и квалитетен шафран би требало да постигне многу силна и јака жолто црвеникава боја, баш затоа некаде го викаат Riso Oro или Златен ориз. А веројатно и од таму идејата на Маркези да го декорира со златна фолија.



- 1 чаша (за кафе) ориз
- 1 помал кромид
- неколку нишки шафран
- 30гр пермезан
- пола чаша дробени фстаци (може бадеми или комбинација од бадеми и фстаци)
- коцка кокошја супа
- пола чаша бело вино
- 2 лажици путер

Ставете еден литар вода во тенџере да зоврие. Кога водата ќе зоврие додадете ја коцката супа раздробена и намалете го огнот на половина промешувајки неколку пати околу 10 минути. Потоа додадете го шафранот и исклучете го огнот и мешајте неколку минути супата да добие јака црвенката боја.

Во загреано тавче без зејтин ставете ги фстаците или бадемите да се печат 3–4 минути провртувајки ги неколку пати. Извадете ги и исецкајте ги на ситни парчиња.

Исецкајте го кромидот на ситни коцкички и ставете го во тавче со зејтин да се запржи додека скоро не омекне. Додадете го оризот и пржете го 4 минути. Додадете го виното и промешајте. Кога оризот ќе го впие виното додадете од кокошјата супа со шафран една до две кутлачи и промешајте го оризот. Почекајте 3-4 минути оризот да ја впие водата и додадете повторно. Направете така 3-4 пати додека оризот не е добро сварен. Одвреме навреме пробувајте го за да не го преварите. Кога последната супа ке испари додадете изрендан пермезан. Потоа додадете ги путерот и фстаците и мешајте се додека путерот не се стопи. Треба да добиете кремаст сос. Доколку сосот стане многу густ или пермезанот премногу го згусне додадете малце од супата за да го освежите. За сервирање поросете со малку свежо рендан пермезан одозгора.

Извинете за лошитe слики @fidanska ми го конфискува апаратот :)

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства