Пилешко во сос од домати

Sunday, March 17, 2013
0 КОМЕНТАРИ



2 парчиња пилешки стек (поубаво да замолите во месара да ви ги пресечат на половина ке добиете 4 убави тенки парчиња што е доволно за двајца)
1 конзерва (200 гр) - Домати пелати
1 морков
1 лажица Капари (опционално)
2 чешниња лук
2-3 лажици сенф (по можност дижон го има во веро и рамстор)
Малце магдонос за декорација

Стековите се мачкаат од двете страни со сенф а потоа се насолуваат со сол и бибер и се оставаат да постојат 20тина минути. Во тавче на зејтин се запржуваат стековите по 2 минути од две страни, многу малце да останат живи во внатрешноста.

Во друго тавче на силен оган загреваме зејтин ептен малце колку да не биде суво дното,  му го додаваме морковот ситно сецкан на коцкички и го оставаме да се пржи 4-5 минути. Потоа ги додаваме чешнињата лук ситно насецкани и мешаме скоро константно за да не загори лукот зошто ќе стане горчлив. Кога ќе приметите дека лукот почнува да потемнува по ивиците додадете ја конзервата со домати и така ќе го прекинете пржењето. Додадете ги стековите во доматниот сос, намалете го огнот на половина, поклопете го и оставете да се крчка едно половина час односно се додека не се згусне доматниот сос. Додадете ги свежите капери на крај и сервирајте со малку магдонос одозгора, може и босилок или некој друга ароматна билка да му даде малце свежина на целиот овој пржен хаос.

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства