Палачинки за доручек

Thursday, March 21, 2013
0 КОМЕНТАРИ

Убав рецепт за недела наутро, лесно и свежо, топло го препорачувам на сите...

2 чаши (за кафе) - Рикота (по нашки ова би му дошло несолена урда и ја има на сите пазари)
1 чаша (за кафе) - Бело Брашно
1 чаша (за кафе) - Млеко
1 лажичка - Прашак за пециво
4 јајца
10 јагоди
путер (не солен)
шеќер

Во еден сад или чаша ставете 4-5 јагоди и 1 лажичка шеќер и со толчник нежно ги потискаме јагодите да се направат како еден вид свеж џем или сок од јагоди.

Ги двоиме белките и жолчките од јајцата. Во жолчките додаваме рикота, брашно, прашак за пециво и ги мешаме во хомогена смеса. Белките во друг сад им додаваме прстофат сол и ги матиме со миксер или рачно се додека не се направи цврст шлаг. Шлагот го додаваме во смесата и мешаме многу нежно и внимателно за да не го истиснеме целиот воздух од него. На силен оган ставаме една до две лажички путер да се стопи, кога путерот ке почне да прави меурчиња земаме со една голема супена лажица од смесата и ја ставаме во тавчето на путерот да се пржи и малце ја распоредуваме во окрогулеста форма голема околу 10 сантима. Се пржи 2 минути а потоа со шпатула или некој сличен кујнски прибор се првртува внимателно од другата страна да се допржи уште 2 минути. Во едно нормално тавче би требало да собере 3 до 4 палачинки, и на секоја нова тура додавајте по малку путер при пржењето за да не загорат.

Палачинките се сервираат а одозгора се полеваат со една до две лажички од сокот од јагоди. Јаворов сируп или карамел прелив оди исто така лудница со оваа комбинација, а може и сладолед.

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства