Јагнешко за Јурук

Monday, March 25, 2013
0 КОМЕНТАРИ

Претходниот викенд ме предизвикаа дека сум јадел и готвел само пилешко и тестенини па решив да средам нешо hard-core кога веќе се прај нели. Сепак незнам ни зашто го направив вака сите ми викаа направи го поедноставно јагнешкото има прекрасен мирис, но можам да кажам дека искочи прсти да лижеш.

- 4 јагнешки котлети
- неколку гранчиња мајчина душичка 
- 2 лажички дижон сенф
- 1 лимон
- 1/2 литар бело вино
- еден грст мелиса
- пола чаша редуциран балзамиран оцет

Направете маринада од маслинов зејтин, сок од лимун, малце со толчник подудрете ја мајчината душичка во маринадата и извалкајте ги убаво котлетите и оставете ги да остојат барем 30 минути.



Во подлабоко тавче загрејте зејтин на силен оган пропржете ги котлетите по 3-4 минути од двете страни. Додадете го виното намалете го огнот на половина и поклопете го тавчето. После половина час превртете ги котлетите и оставете ги да се варат уште најмалку 20 минути. Во оваа фаза би требало поголемиот дел од виното да е испарено. Извадете ги котлетите на страна замотани во фолија да ја чуваат топлината. На виното додадете јако редуциран балзамиран оцет половина од количината на преостанатото вино во тавчето, пола лажичка сенф и додадете ја течноста од маринадата.  Промешајте за да се спој сосот и полијте го јагнешкото пред сервирање. Одозгора наросете со ситно исецкана мелиса.

За да редуцирате балзамиран оцет ставете една чаша оцет во тавче и ставете го тавчето на најсилен оган, кога оцетот ке почне силно да врие намалете го оганот на половина и оставете го да испарува. Треба да испари најмалце половина, колку подолго го оставите оцетот да испарува толку погуста редукција ќе добиете.



0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства