Брускети со Шери и Босилок

Friday, March 22, 2013
0 КОМЕНТАРИ


4 половинки лепчиња р'жан леб
6 шери домати
3-4 ливчиња босилок
2 чешниња лук
пермезан
маслинов зејтин

Во потесен сад или чаша за чај ставете 2-3 супени лажици маслинов зејтин, притиснете со рамната страна на ножот едно чешне лук да се отвори и ставете го во зејтинот, исечкајте ги доматите на ситни парчиња и внимавајте да ја зачувате и додадете целата вода од нив во садот со зејтинот и лукот. Не многу нежно со лажичка притиснете ги и промешајте ги доматите да се одвојат нивните сокови и да се спојат со зејтинот и оставете го филот да се одмори едно 20 минути.



Испечете ги лепчињата и избрусете ги со едно чешне лук, наредете го филот одозгора, изрендајте малце пермезан и додадете босилок за екстра свежина. Накрај со полијте ги лепчињата со една до две лажички од соковите што останале во чашата.

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства