Шопска Капрезе

Friday, March 22, 2013
2 КОМЕНТАРИ


Првпат кога почнав да размислувам на заебанција од типот Шопска Капрезе ми текна дека можам да ја земам идејата на Nancy Silverton и Mario Batali за Зимската Mozza Caprese и да направам варијација на балкански начин. Првиот обид изгледаше вака:



И беше топ ама печениот домат некако ја изгуби смислата на шопската и целата нејзина свежина па решив да си играм и да пробувам разцни варијации на темата се додека на @ElenaTrimceska еден ден не и текна да го смени босилокот со рукола и да ги врати сите свежи состојки од двете салати and than the Шопска Капрезе was born:



- 10 шери домати
- 2 огромни грста рукола 
- пола карставица
- мешано бело сирење
- оригано

За да ја направите салатата исечете ги доматите на пола или на четвртини, ставете ја руколата, насечете ја карставицата на ситни коцки одстранувајки го оној среден дел што е цел влажен, додадете бело сирење и секако на крај малце маслинов зејтин и оригано и размешајте. 

Не требаше многу за да сватиме  дека од истата салата може да се направат многу сочни брускети на печени лепчиња избрусени со чешне лук:



2 КОМЕНТАРИ

Здраво, Ви пишува Ѓорѓи Крстевски од новиот е-неделник Репер, списание кое ќе биде посветено на културата и ќе излегува еднаш неделно на интернет. Би сакале да пренесеме неколку интересни рецепти од Вашиот блог, па ме интересира дали имаме дозвола за тоа? Се разбира, ние ќе го наведеме Вашето име (ако сакате), и ќе поставиме линк до изворот на статијата. Нема да внесуваме никакви измени во текстот (освен што ќе помине низ мала лекторска проверка) и ќе ги користиме фотографиите од Вашиот блог. Се надевам дека успешно ќе соработуваме.

Со почит,
Ѓорѓи К.
Слободно може да ги користите и сликите и содржина пратете ми само линк да видам како искочило, фала за заинтересираноста.

Моите рецепти и искуства