Карбонара со Шампињони

Friday, January 25, 2013
0 КОМЕНТАРИ



3-4 парчиња сланина сечена на ленти од половина сантим
10 тина шампињони
2 чешниња лук
200 грама тестенини по избор (јас преферирам таљатели или папрадели)
50 мл павлака за готвење или народски кажано хопла
50 грама рендан пермезан
1 јајце

Загрејте вода за тестенините во длабоко тенџере, кога ќе почне да врие додајте сол една шака и ставете ги тестенините да се варат.

Во тавче запржете ја сланината сечкана на коцкички без зејтин (бидејки таа ке пушти од мрсното) се додека не мислите дека е доволно испржена, тогаш насечкајте го лукот и шампињоните и додадете ги да се пржат но распространете ги да не се преколопуваат едно парче врз дргуо бидејки шампињоните ќе почнат да се варат и ќе зажилават. Пржете уште едно 5 минути додека шампињоните не почнат да заруменуваат по ивиците. Сланината во тој момент ќе биде препржена но баш и тоа го сакаме, да стане екстра крцкава како чипс.

Во една чаша измешајте ја павлаката, пермезанот и јајцето и измшајте да се соедини смесата.

Кога тестенините ќе се сварат исцедете ги, и додадете ги во тавчето со сланината и шампињоните и вратете го тавчето на оган да се пропржи се заедно уште пола минута до минута. Тргнете го тавчето од оган и оставете 30тина секунди да се подолади. Додадете ја смесата од чашата и мешајте за да се распореди еднакво, топлината на тестенините ќе го сварат јајцето и ќе добието нешто што го нарекуваат свилен полутечен сос. Се тоа убаво сервирајте го и одозгора попрскајте со пермезан а може и малце свежо кршен бибер. Треба да добиете нешто што изгледа вака:


Пријатен апетит.

0 КОМЕНТАРИ

Моите рецепти и искуства